Општина Струга ќе учествува на саемот за туризам во Тирана, повикани се сите хотелско-туристички субјекти од Струга

- Локални
84
Општина Струга ќе учествува на саемот за туризам “ETIF Tirana 2023“ – Тирана, Република Албанија, од 6-ти до 8-ми  април 2023 година, како дел од штандот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Северна Македонија (АППТРСМ) за да ја претстави Струга како атрактивна туристичка дестинација и нејзината понудата за туристите кои ќе го посетат   струшкиот штанд на тој саем.
,,Воедно, ги покануваме сите хотелско-туристички субјекти од Струга да учествуваат на тој саем, но доколку физички не се во можност, да нè снабдат со промотивни туристички материјали.
Ве молиме за подетални информации обратете се во Одделението за туризам на Општина Струга.“-стои во соопштението од Општина Струга.

Facebook Коментари