Општина Струга: Овој викенд ќе се работи на хоризонтална сигнализација на улиците ,,15 Корпус“ и ,,Пролетерски Бригади“, граѓаните да ги тргнат возилата од паркинзите на овие улици

- Локални
576
Поради обележување на улиците ,,15 Корпус“ и ,,Пролетерски Бригади“ во Струга и враќање во двонасочно движење на истите ќе се изврши хоризонтална сигнализација.-информираат од Општина Струга.
-Се молат сите граѓани да ги отстранат своите возила што се паркирани на наведените улици за да може да се работи без прекин. Автомобилите  што ќе се затекнат во овие денови на паркинг местата ќе бидат отсранети со пајак служба.-предупредуваат од општина Струга.
Обележувањето ќе се спроведе во петок сабота и недела.
Strugaonline

Facebook Коментари