Започна со работа Медицинскиот симулациски центар во охридската болница за кардиоваскуларни заболувања

- Локални
61

Од вчера во просториите на Специјалната болница за превенција,лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид , после претходно склучен Меморандум за соработка започна со работа Медицинскиот симулациски центар.
Овој центар ќе функционира со цел едукација,тренинг,стандардизација на протоколи и координација на медицински персонал за напреднато срцево белодробно оживување на сите нивоа во третман на пациентите.


Исто така овој центар во иднина ќе биде ставен во функција на сите групи граѓани во едукација на давање на прва медицинска помош или основно одржување во живот.
Во Европа годишно 700 000 луѓе страдаат од акутно затајување на работата на срцето,а во Македонија околу 5000 годишно . Само 5-10 % од пристигнатите пациенти во болниците преживуваат.


„Важноста на Медицинскиот симулациски центар во овој регион очекуваме да го подобри квалитетот на медицински услуги како и свеста за потребата од постоење на еден ваков центар.“ – велат од
0хридската болница за кардиоваскуларни заболувања.

Strugaonline

 

Facebook Коментари