Пионерките на ЖРК Стружанка ја постигнаа втората победа оваа сезона

- Локални, Спорт
1062

Пионерките на ЖРК Стружанка  ја забележаа втората победа во оваа ракометна сезона на домашен терен против тимот на Алушевски од Скопје со резултат од 15:10(6:7).

ЖРК Стружанка имаше слаб почеток, односно на самиот старт губеше со 3:7 но успеа да ја стопи предноста на противникот и на одмор замина само со еден гол негатива.

Во второто полувреме пионерките со многу поголема мотивираност и желба за победа го покажаа својот квалитет правејќи целосен пресврт против гостите и на стартот од второто полувреме направија разлика која ги однесе во сигурна победа пред домашната публика која од натпревар на натпревар е се побројна на трибините.

Девојките со овој триумф ја запишаа својата втора победа оваа сезона, а до сега имаат и два порази

Наредниот викенд ЖРК Стружанка и гостува на екипата на Макалоски.

Стрелци за ЖРК Стружанка на овој натпревар беа:

  1. Миладиноска Маријана 6 погодоци
  2. Голабоска Марија 4 погодоци
  3. Домазетоска Теодора 4 погодоци
  4. Дукоска Теодора 1 погодок

Извор и фото :zrkstruzanka.mk

Strugaonline

Facebook Коментари