На вториот Меѓународен пливачки митинг ,,Ohrid Open 2022“ што се одржа викендов во Охрид во конкуранција од над 180 натпреварувачи, стружани докажаа дека Струга е расадник на млади талентирани пливачи.

Тија Кукунешоска второ место
делфин 100 метри
Јован Кутаноски трето место краул 50 метри
Виктор Опетчески второ место прсно 50 метри
Валентин Ѓорговски второ место прсно 50 метри
Тија Кукунешоска трето место прсно 50 метри
Јован Кутаноски трето место грбно 50 метри
Виктор Опетчески трето место делфин 50 метри
Хади Исмаилоски второ место делфин 50 метри
Дамјан Бежаноски второ место прсно 100 метри
Петар Анастасиески трето место краул 100 метри
,,На трката скоро сите дечиња бележат личен успех и сме посебно горди на настапот на:Софија Кутаноска, Стефанија Кутаноска, Бона Кукунешоска, Мона Кукунешоска, Давид Попоски, Матеј Лазороски, Марко Лазарески, Леонтина Џероска, Лука Милошески, Тара Цома, Миа Мачоска,
Матеа Ончева, Олса Орани, Калина Ложанкоска, Кадир Османоски, Наталија Ончева,
Филип Гацев. Особена радост ни претставуваат нашите млади надежи со само 5 години,
Анабела Гојани и Софија Бебекоска. Посебно сме горди на Марко Шаврески и Хади Исмаилоски кои настапија и на Државното ридскo првенство во Битола и се вратија назад закитени со второ и трето место за да пливаат повторно.,, -изјави Никола Кутаноски, тренер во триатлон клубот 3 Дисциплини.
Очекувано, најдобриот триатлонец Димитар Јованоски го освои првото место.
Facebook Коментари