Пливачкиот и триатлон клуб 3Дисциплини започнува со уписи за летната пливачка и натпреварувачка школа. Вo тек е формирање на пливачките групи.
„Бидете дел од тимот на најдобрите и најуспешните. Нека вашите деца го усовршат пливањето, да бидат дел од пливачките натпревари и одлична дружба преку организираните летувања и зимувања. Цената е 600 денари месечно или 1500денари цела сезона( средства кои што се користат за маички и опрема во клубот)“-информира тренерот Никола Кутаноски.
Toj додава дека доколку се почне од јули месец, цената ќе изнесува 1000 денари за целата сезона, заклучно со 01.09.2023 .
Што се однесува до тренинзите за школите за пливање, почетниците ќе тренираат од понеделник до петок во времетраење од 30минути, напредните групи од 30-45 мин, се’ во зависност од временските услови.
Натпреварувачката група ќе тренира во понеделник, среда и петок два пати на ден, а во вторник и четврток пливање во Црн Дрим на отворено.
Со членување во овој клуб добивате можност за учество на пливачките натпревари во Македонија и странство.
Пливачките тренинзи со натпреварувачката група ќе започнат од среда, 15.06.2023, а школата за пливање ќе започне штом се стабилизира временската состојба.
За упис и место во школата за пливање јавете се на 072-225-032 Никола и 071-390-959 Ѓургица Тренинзите ги одржува Никола Кутаноски, world triathlon coach level2.
Повеќе информации можете да добиете на наведеите телефонски броеви и на веб страната на клубот.
Strugaonline
Facebook Коментари