Пливачкиот клуб ,,Струга“ се враќа на пливачката сцена

- Локални, Спорт
1694

Пливачкиот клуб ,,Струга“ на голема врата се враќа да ја обнови пливачката традиција во нашиот град. После подоглго време, со 30 свои пливачи, овој клуб учествуваше на пливачкиот митинг во Охрид што се одржа денеска, и на тој начин го најави својот ,,кам бeк“.

,,Среќни сме што имаме можност да ја обновиме долгата пливачка традиција во Струга токму под името ПК ,,Струга“ кој всушност датира уште од времето на Југославија. Пливачкиот клуб ,,Струга“ своевремено беше најуспеешен и најтрофеен клуб. Сега сме тука, за и сегашните млади генерации да ја почувствуваат радоста и гордоста на таквите успеси.“-информира стручниот тим тренери составен од професорите Марино Велоски, Ацо Ѓуроски, Сара Петреска и Анастасија Петреска.

Фактот дека Струга после повеќе од дваесет години ќе добие затворен пливачки базен посебно го радува тимот тренери, кои, велат дека современите услови ќе им помогнат да ги развиваат пливачните таленти во Струга.

,,За отварањето на пливачкиот базен сме навистина возбудени, условите се најважни за добри резултати. Се враќа пливачкиот клуб ,,Струга“, добиваме и затворен базен со најсовремени услови, така што се’ се вклопи така добро, и нас ни преостанува само напорно да работиме и да ги донесеме трофеите таму каде што припаѓаат- во нашата Струга.“-потенцира тимот тренери.

Додаваат дека тренинзите ќе започнат веднаш откако ќе биде отворен базенот, а според најавите од надлежните, отварањето ќе се случи во септември.

Strugaonline

 

Facebook Коментари