На 89 годиншна возраст почина Д-р Димитар (Митре) Трпеноски.

Лекар специјалист-хирург, завршил специјализација на Воено-медицинската академија во Белград и постдипломски студии по хирургија на Медицински факултет во Белград.
Тој остави голема трага со својата стручност и посветеност на хируршкото одделение во Струга, а беше и успешен директор на Медицинскиот центар во Струга.
Трпеноски имаше и активен политички живот, беше првиот независен пратеник во Собранието на Република Македонија.
Facebook Коментари