На 86-годишна возраст почина Крсте Чакар, едно од најзначајните имиња кога станува збор за ракометот во Струга.
Чакар е поранешен ракометар на Струга и Работнички како и еден од основачите на струшкиот ракометен турнир.
Сосема заслужено, во текот на својот живот Чакар доби бројни медали и плакети за придонес во спортот.
Чакар е автор на книгата посветена на фудбалскиот клуб Караорман.
Имал завршено Филозофски факултет отсек книжевност, и работел како професор по македонски јазик во СОУ ,,Нико Нестор“ во Струга.
Facebook Коментари