Познати се екипите кои ќе учествуваат на Меѓународниот турнир ,,Струга 2023“

- Локални, Спорт
1055

Од 16-ти  до 19-ти август на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“  ќе се одржи 51-то  издание на Меѓународниот ракометен турнир ,,Струга 2023“, а веќе се познати и екипите кои ќе настапат.

Своето учество на турнирот го потврдија три македонски и три странски екипи  и тоа:  Алкалоид, Вардар и РК Струга од Македонија, а до странските екипи, за престижната титула ќе се борат  АЕК од Атина, Гуиф од Шведска и Партизан од Србија.

Минатата година, победник на турнирот беше екипата на Еурофарм Пелистер.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари