СО ПРОМОЦИЈАТА НА ПОЕТСКАТА КНИГА ОД СТОЈАНКА ГОГОСКА ЗАВРШИ ПЕТТОТО ВЕВЧАНСКО КУЛТУРНИО ЛЕТО „ВЕВКУЛ -2017“

- Локални
1398

Со промоција на книгата песни „ДА СЕ ЈАДЕШЕ ЗБОРОТ“од поетесата Стојанка Гогоска, која се одржа во детската градинка „Планински цвет“,свечeно заврши овогодишното петто  по ред Вевчанско културно лето – Вевкул 2017 година. Во својата промотивна реч македонскиот писател и публицист Мишо Китаноски нагласи дека оваа втора по ред збирка песни ,која доаѓа по првата „Блескав,зашто горев“ која е објавена во 2015 година, поетеста Гогоска својот талент го спрегнала и низ поетскиот експеримент, навезала триесетина песни, според буквите од македонската азбука, со што се наметнува како сериозен автор,од кој што во иднина очекуваме уште многу литературни остварувања.

Што се однесува до овогодишната програнма на ВЕВКУЛ- 2017 во Ввевчани, единствената од младите општини во Република Македонија што организира ваква манифестација, остварени се значајни резултати на планот на развојот на културата. Така,според креаторот на програмата Мишо Китаноски,годинава се промовирани четири книги од вевчански автори и, тоа: Верица Мукоска која дебитира со романот „Дневникот на длабоките тајни“,  Драган Попоски – Стојнин со збирката песни „Резби во времето“,што претставува избор од повеќедецениското негово творештво, збирката песни „Љубов и омраза“од Мира Јанкоска и сега најновата, втора по ред збирка песни „Да се јадеше зборот“ од Стојанка Гогоска.

Исто така беше организирана и ликовна изложба од академскиот сликар м-р.Владо Мукоски, како и поетскиот митинг на Вевчанските извори со учество на поети од Бугарија, Хрватска ,Босна и Херцеговина, Србија,  Албанија и од Македонија во рамките на Струшките книжевни средби.

Кога кон ова ќе се додаде дека во Вевчани,во рамките на ВЕВКУЛ – 2017,гостуваа и сликаа стотина ученици учесници од Малиот битолски монмартар од триесетина држави чии творби ќе бидат изложени за време на Василичарските свечености во јануари 2018 година,тогаш сосема слободно може да се каже дека Вевчани и гостите што летото доаѓаа во него,имаа навистина богата културна-забавна програма,што се одрази на постојаното зголемување на бројот на туристите, кои ја посетуваат оваа знзчајна туристичка дестинација.

СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Strugaonline

Facebook Коментари