Алпинистички клуб „Патагонија“ и Општина Охрид, на 27 октомври 2019 година ( недела) го организираат првото промотивно издание од „Ohrid Outdoor Festival”.
Целта на фестивалот е заедничко дружење и уживање во убавините на Охрид и планината „ Галичица“ , возејќи велосипед или искачувајќи го врвот со најубав поглед кон двете езера.
„Планинарска тура започнува во недела во 8:30 часот од СРЦ „Билјанини извори, со обезбеден бесплатен автобуски превоз до превојот „ Баба“ и пешачење до врвот „ Лако сигној“ на 1981метри надморска височина, а во исто време од истото место почнува велосипедска тура преку Велестово- Крстец-Асанѓура.
По завршување на турите, во 14:30 часот за учесници и за сите присутни во Охрид, ќе биде организирана забава крај брегот на езерото, кај Центарот за обука на вода, на која ќе настапи охридскиот бенд BALTER.„-информираат од Општина Охрид
За безбедноста на учесниците за време на бесплатните тури, ќе се грижат тимови од Планинската спасителна служба при Црвен крст- Охрид, а ќе ги водат професионални водичи во планина.
„Сите заинтересирани треба да поседуваат лична опрема за планина, соодветна на временските услови, а своето учество можат да го пријават на [email protected] , со назнака за велосипедска или планинарска тура.“-додаваат од општината.
Линк до FB страницата на „OHRID OUTDOOR FESTIVAL“
Strugaonline
Facebook Коментари