РК ,,Стружанка -Ветеранки“ учествува на Меѓународниот ракометен турнир во Сараево

- Локални, Спорт
889

Од 16-ти до 19-ти март се одржува Меѓународниот ракометен турнир во Сараево под мотото ,,Сарајево љубави моја“ за ветерани од целиот Балкан на кој ќе учествува и тимот на РК Стружанка -Ветеранки  .

На овој турнир  ќе учествуваат 32 екипи  од кои 13 женски и 19 машки.

,,РК Стружанка -Ветеранки со гордост  ја прифатија поканата да  играат на овој турнир и да го претставуваат градот Струга, а и нашата татковина ,,-велат од клубот.

Од РК Стружанка-Ветеранки изразуваат благодарност до сите помагатели кои преку донации, спонзорства и поддршка  им овозможија да отпатуваат на ова натпреварување.

Организаторот покрај ракометот нуди богата културно уметничка програма со многу забава и музика . Главен покровител е градот Сараево и градоначалникот, пришто на интересен начин преку спорт го промовираат својот прекрасен град и неговите убавини.

На ланскиот турнир што се одржа во  октомври во Струга, нашите ракометарки го осовоија сребрениот медал, но велат дека дружењето, позитивните искуства и новите пријателства се целта на овие турнири, а не наградите.

Strugaonline

Facebook Коментари