Во одлична спортска атмосгфера и оваа година се одржа ракометниот турнир ,,5-ка за ракомет” организиран од ракометната школа Вардар-Охрид.
На турнирот што се одржа во спортската сала ,,Билјанини извори“ учествуваа 200 деца од следните екипи:
1.ГРК Охрид
2.РК Струга-Динг
3.РК Пантери-Кичево
4.РК Јехона-Гостивар
5.РК Кале Вардар М&К.
,,Нашите најмали ракометарчиња одиграа пет возбудливи натпревари во мини-ракомет, а во натпреварувачкиот дел нашата екипа генерација 2012/13, по многу спортска борба и одлична игра го освои првото место. Честитки за нашиот член Нектариј Николовски кој ја освои наградата за најдобар голман .“ – информираа од Ракометната школа-Струга.
Тие изразија благодарност до домаќините за топлиот пречек и вложениот труд во беспрекорната организација на турнирот .
Tурнирoт ,,5-ка за ракомет” се одржа трета година по ред, а целта на овој настан е децата да добијат претстава за голем ракомет и натпреварувачки дух.
Strugaonline
Facebook Коментари