Шампионите повторно низ улиците во Струга на 21 мај.

-Минатогодишниот победник, Дарио Ивановски, а воедно и македонски шампион на кратки и долги стази како и рекордер на стазата во Струга, го потврди своето учество и на овогодишното издание на Трка на Поезијата.-информираат организаторите на ,,Трка на поезијата“
Исто така, минатогодишните освојувачи на второ и трето место, Атанас Анчевски и Димитар Петровски ќе бидат повторно дел од третото издание на Трка на поезијата 2023 година.
,,Доколку сакате да трчате со нашите шампиони Дарио, Атанас и Димитар повелете регистрирајте се до 30 април. Шампионски поздрав од Струга, се гледаме на старт!,,-порачуваат организаторите на оваа спортска манифестација.
Strugaonline
Facebook Коментари