Сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Кичево, повредена жена од Скопје

- Локални
298

На 2. јануари 2024 година, во 09:45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Врбјани, патничко моторно возило марка „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 59-годишно лице од Скопје излетало надвор од коловозот.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 58-годишната сопатничка од возилото, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.

Извор: МВР

Facebook Коментари