На 21-ви декември 2020 година, во 20:55 часот, на магистралиот пат Струга-Ќафасан, случена е сообраќајна незгода во која, засега непознато моторно возило удрило во 52-годишниот пешак Н.Н. од Струга.
– Тој бил пренесен во Општата болница во Струга каде, им подлегнал на повредите. Возачот на автомобилот, го напуштил местото на сообраќајната незгода, а по извршениот увид од јавен обвинител и полициски екипи, ОВР Струга презема мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари