Дел од државните институции од утре ќе работат во две смени

- Македонија
880

Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за водење матични книги, Министерството за внатрешни работи: подрачните отсеци во Секторот за управно – надзорни работи во Одделот за граѓански работи, како и во Министерството за одбрана – одделенијата за одбрана за регион со градовите и општините во состав, од 1-ви септември ќе имаат ново работно време.

Согласно одлуката на Владата на Република Македонија , од утре, 1 септември, овие институции ќе работат од 07:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот, како и првата сабота во месецот, со работно време  од 08:00 до 16:00 часот.

Со истата владина одлука, определено е и флексибилно работно време на сите вработени од органите на државната управа. Почетокот на работното време да биде помеѓу 7:30 и 8:30 часот, а завршетокот помеѓу 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

Facebook Коментари