На 2-ри август во Струга ќе се одржи третото издание на Спортскиот фестивал ,,Илинден“. По тој повод, од дирекцијата на фестивалот објавија повик за седум волонтерски позиции.

,,Потреби се волонтери на пултот за информации, пултот за регистрација, волонтери за медиумски операции, судски асистенти, грижа за посетителите односно публиката, грижа за учесниците и техничка поддршка“-информираат организаторите.
Додаваат дека претходното искуство во наведените позиции не е пресудно.
,,Доволно е само да имате волја да бидете дел од нашиот тим. За вашата волонтерска активност ќе добиете маица, сертификат, бесплатен оброк и освежувања за време на ангажманот.“-додаваат од тимот на фестивалот Илинден.
Детали за позициите и начинот на пријавување можете да најдете на FB страницата на Спортски фестивал Илинден.
Минатата година, оваа спортска манифестација понуди три ревијални ватерполo натпревари од интернационален карактер со поддршка од Ватерполo федарацијата на Македонија, трки во едносед, кајк, трки со суп штици и скокови во вода.
Oд Управниот одбор на фестивалот, за оваа година најавуваат и натпревар во Такли, а за таа пригода ќе биде поставена платформа висока 6 метри на самиот кеј на реката Црн Дрим.
Strugaonline
Facebook Коментари