Лев банер Десен банер

Струга и Италија ја продлабочуваат соработката: нови можности за економски и културен развој

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари значајна средба со амбасадорот на Италија во Република Македонија, Паоло Палминтери, со цел зајакнување на билатералната соработка и отворање нови перспективи за развој.

На средбата беше потенцирана важноста на Струга како еден од најубавите и најпрепознатливи туристички центри во државата, но и како град со традиционално блиски врски со Италија. Посебно беше истакната бројната струшка дијаспора која живее и работи во Италија, што претставува силен мост за понатамошна соработка.

Амбасадорот Палминтери ја изрази својата подготвеност за продлабочување на економските односи, нагласувајќи интерес за зголемување на италијанските инвестиции во Струга. Воедно, тој ја истакна и важноста од развој на културната соработка преку заеднички иницијативи и програми.

Во фокусот на разговорите беше и можноста за интензивирање на културната размена, особено преку вклучување на Струга во веќе постоечките успешни проекти реализирани со други градови во земјата. Овој потенцијал беше оценет како значаен чекор кон поголема меѓународна видливост на градот.

Градоначалникот Ќура и неговиот тим му посакаа срдечно добредојде на амбасадорот, нагласувајќи дека Општина Струга останува отворена за сите иницијативи што ќе придонесат за економски напредок и културен развој.

Преку вакви партнерства и отворен пристап, Струга продолжува да гради нови можности за развој и да ја зацврстува својата позиција на мапата на меѓународната соработка.

StrugaOnline

error: