Струга ќе го одбележи Денот на детето – 1 Јуни со голема забава во Паркот на поезијата
По повод 1 Јуни – Денот на детето, Општина Струга организира весела детска забава и ги поканува сите дечиња и родители заедно да уживаат во ден исполнет со смеа, игра и дружење.
Настанот ќе се одржи во Паркот на поезијата со почеток во 11:00 часот, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во музика, детски игри и многу забавни активности наменети за најмладите.
Од Општина Струга велат дека целта е заеднички да се прослави денот посветен на децата и да се создадат убави моменти исполнети со радост и позитивна енергија.
Организаторите ги повикуваат сите граѓани да бидат дел од оваа детска дружба и заедно да го одбележат 1 Јуни – Денот на детето.
StrugaOnline

