Струга за прв пат ќе биде домаќин на спортската Гимназијада што се одржува на секои две години.
Во организација на Сојузот на училишен спорт, ќе се натпреваруваат најдобрите училишни екипи од Македонија во голем и мал фудбал, ракомет, кошарка и одбојка во машка и женска конкуренција.
,,Струга утре ќе биде спортски центар за натпреварување на 600 натпреварувачи од цела Македонија. Оваа година ја имаме честа да бидеме домаќини затоа што изминатава година бевме препознаени како најактивен сојуз на училишни спортови, а нашите спортисти имаа големи успеси“-информираат за Strugaonline Жарко Ферукоски, претседател на сојузот за училишен спорт и Ацо Ѓуроски, координатор на гимназијадата.
Додаваат дека подготовките се при крај и во организациона смисла, Струга ќе биде на висина на задачата.
На оваа гимназијада Струга ќе учествува со ученици од Гимназијата ,,Ибрахим Темо“ и СОУ ,,Нико Нестор. “
Учениците од ,,Ибрахим Темо“ ќе се натпреваруваат во фудбал ( машка и женска конкуренција), кошарка (машка и женска конкуренција), одбојка (машка конкуренција) и мал фудбал (женска конкуренција).
СОУ ,,Нико Нестор“ ќе се натпреварува во ракомет (машка и женска конкуренција), одбојка (женска конкуренција) и мал фудбал (машка конкуренција).
Почетокот на игрите е закажан за 10:30 часот. Свеченото отварање ќе се одржи на ракометното игралиште ,,Горан Попоски-Бабец“, а натпреварите ќе се играат во СЦ ,,Тими“, малата одбојкарска сала и големата ракометна сала во ,,Нико Нестор“ и на игралиштето за голем фудбал АС Unated
Strugaonline
Facebook Коментари