60- годишниот хирург-специјалист д-р Владимир Кочоски две недели се лечел од ковид-19 на скопската Инфективна клиника и по добиениот негативен тест, ден пред неговото пуштање дома, нагло му се влошила состојбата поради нарушените витални органи од опасниот вирус. Итно бил префрлен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), но не успеал да се избори со компликациите коиги предизвикал вирусот.
Струга денеска загуби врвен доктор, тој е првата жртва од здравствениот персонал во Струшката болница.
Извор: sdk.mk
StrugaOnline
Facebook Коментари