Струшките пензионери прославија Стара Нова година

- Локални
798

По дваесет и петти пат oваа година, Активот на пензионерките при Здружението на пензионерите од Струга,на 13 јануари ја прослави Стара Нова година – Василица. Во струшкиот ресторан на одморалиштето на Црвениот крст „Солферино“, овој ден го одбележаа и се дружеа над осумдесет пензионерки и пензионери.

Присутните ги поздрави Милорад Трпоски,претседател на Здружението и на ИО, при што им посака здравје, долг пензионерски живот, радост и среќа во Новата 2020 година, а  воедно им ја честиташе 34 – годишнината од постоењето на Активот на пензионерките.

Потпретседателката Павлина Кузманоска и директорката на одморалиштето Наташа Хиохи на пензионерите им посакаа среќни празници.

Празничната трпеза беше збогатена со ѓомлезе– кашаник со паричка, подготвен од брачниот пар Олга и Евгенија Јовчески од Струга кои оваа година беа кумови.

Оваа година паричката се падна кај Царева Стојкоска која го презеде кумството за наредната година.Средбата продолжи со песна и во весела атмосфера за која се погрижи ресторанскиот оркестар.

Прославата заврши со лотарија во која три најсреќни пензионерки добија награди.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

 

 

 

Facebook Коментари