На третиот традиционален Меѓународен пливачки митинг Ohrid OPEN 2023 што се одржа викендов, триатлон и пливачкиот клуб ,,3 Дисциплини“ од Струга постигна одлични резултати.

Категорија 2007/2006
Олса Орани освои две втори места и едно трето.
Категорија 2008/2009
Сара Паноска две бронзи
Категорија 2014 и помали
Стефанија Кутаноска трето место
Софија Кутаноска второ место
Бона Кукунешоска прво место
Мона Кукунешоска трето место
Во одлично светло се претставија и Виктор Опетчески, Наталија Ончева, Ериса Пиложани, Матео Мачоски, Иринеј Хиохи, Валентин Ѓоргоски, Петар Анастасиески, Климент Ковачески,Дамјан Бежаноски, Хади Исмаилоски, Тија Кукунешоска, Матеа Ончева, Јован Кутаноски, Матеј Лазороски, Виктор Спиркоски, Марко Шаврески и Леонтина Ѓероска.

,,За дел од нашите натпреварувачи ова беше прв настап и добија значајно искуство. Упатувам честитки и за нашите најмали дебитанти кои на оваа трка настапија на свои пет години, со помагала и со одлично постигнато време. Одлични резултати постигнаа девојките Ивона Мојсова и Алина Исмаилоска. Радува фактот што постигнуваме одлични резултати и со минималните услови што сами ги создаваме. Замислете што ќе се случува кога во употреба ќе биде пуштен затворениот пливачки базен во Струга. Можеме да истакнеме дека Струга може да биде горда повторно на пливањето како спорт покрај триатлонот, и тоа што ја градиме новата историја на Струга веќе седма година по ред. Особено задоволство и радост ни претставуваат успесите на сите наши деца зошто сите тие се резултат на нашата пливачка школа.“-изјави тренерот Никола Кутаноски.
Тој изрази благодарност за посветеноста и пожртвуваноста на сите натпреварувачи кои тренираат во неговиот клуб.
Strugaonline
Facebook Коментари