Стружанецот Тони Чуркоски пред нов голем предизвик: 30 километри пливање од Свети Наум до Струга
Стружанецот Тони Чуркоски утре ќе се впушти во голем спортски предизвик – ултра маратонското „Swimming Solo Challenge“, во рамки на кој ќе плива цели 30 километри на отворени води од Свети Наум до Струга.
Чуркоски ќе стартува утре во 05:00 часот од Свети Наум, со цел да ја помине рутата по Охридското Езеро и да стигне до Струга.
Предвидено е финишот да биде на Градскиот базен Пливалиште во Струга околу 17:00 часот, со што стружанецот ќе се соочи со повеќечасовен пливачки предизвик во должина од 30 километри.
Станува збор за исклучително напорен предизвик кој бара голема физичка издржливост, концентрација и психичка подготвеност, особено имајќи предвид дека целата дистанца ќе биде испливана на отворени води.
Со „Swimming Solo Challenge“, Тони Чуркоски ќе се обиде да испише нова спортска приказна на Охридското Езеро и да ја донесе предизвикувачката пливачка авантура до својот роден град.
Старт: Свети Наум – 05:00 часот
Дистанца: 30 километри – open water swim
Цел: Градски пливачки базен, Струга
Очекуван финиш: 17:00 часот
Датум: 21 август 2026
Стружани ќе имаат можност да го пречекаат Чуркоски на целта и да му дадат поддршка по завршувањето на овој исклучително тежок пливачки предизвик.
StrugaOnline

