Поранешните крила на РК Струга, а сега членови на Еурофарм Пелистер ,Ненад Костески и Цветан Кузманоски, се најдоа на списокот од 20 ракометари кој го објави селекторот на машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац, а се однесува на повикани ракометари за претстојниот собир во јануари. На списокот е и стружанецот Марио Танкоски.
Собирот на ракометарите е закажан за 3 јануари во 12:00 часот, а потоа ќе следуваат подготовки за претстојните квалификациски натпревари против Данска во март и во април со Финска и Швајцарија за пласман на ЕП 2022 во Словачка и Унгарија.
Strugaonline
Facebook Коментари