Стружаните Кутаноски и Јованоски повторно на пиедесталот!

- Локални, Спорт
886

На 18.08.2018 година во Батлово, општина Подујев, Приштина се одржа отворено првенство на Косово во триатлон спринт дистанца драфт илегал 750м пливање, 20км точак и 5 км трчање.

3disciplines.mkd Струга, настапија со четири членови: Никола Кутаноски, Димитар Јованоски, Бетим Ибра и Бурим Хоџа.

Нашите најдобри триатлонци Димитар Јованоски освои прво а Никола Кутаноски трето место, и полека ја спремаат нивната форма пред престојните две трки гранд прих серија во Америка.

Стазата во Косово беше претешка а организацијата слаба, поради фактот што прв пат организираа триатлон, бидејќи пред само два месеца беше оформена Триатлон Федерацијата во Косово, и покрај тоа воспоставивме контакт со нив и се надеваме на соработка на нашиот клуб 3disciplines.mkd Струга со нивните клубови. – велат од 3disciplines.mkd Струга.

StrugaOnline

Facebook Коментари