Македонската триатлон федерација ги објави добитниците на признанијата за најдобрите триатлонци и клуб за 2024 година. Овие признанија се доделуваат врз основа на официјалната ранг-листа и бодовите собрани во триатлон лигата која се состои од три натпревари, кои се одржуваат во Скопје, Дојран и Струга.
Стружаните, Матео Мачоски доби признание за државен првак во триатлон 2024-категорија Јуниори и Блерта Хани за државен првак во триатлон 2024-категорија Сениори.

Признанијата за 2024 година се доделија на следните спортисти и клуб:
Категорија Сениори:
• Најдобар триатлонец: Иван Трпчевски
• Најдобра триатлонка: Блерта Хани
Категорија Јуниори:
• Најдобар триатлонец: Здравко Здравев и Матео Мачоски (еднаков број на бодови)
Категорија Кадети:
• Најдобар триатлонец: Јосиф Малински
• Најдобра триатлонка: Бистра Груевска
Категорија Деца 2:
• Најдобар триатлонец: Андреј Лозаноски
• Најдобра триатлонка: Илина Станојевска
Категорија Деца 1:
• Најдобар триатлонец: Наум Ѓорѓијевски
• Најдобра триатлонка: Мирјана Тодоровска
Најдобар триатлон клуб за 2024 година:
• Триоги Рејсинг

Церемонијата за доделување на овие престижни признанија се одржа на годишниот завршен настан на федерацијата во Хотел Солун.
-Овој настан има за цел да ја прослави извонредната посветеност и резултати на нашите спортисти, како и да ги инспирира младите да го следат патот на успехот во триатлонот.
Честитки до сите добитници и благодарност до сите учесници, клубови, тренери и поддржувачи за нивниот придонес кон развојот на триатлонот во Македонија, велат организаторите.
StrugaOnline
Facebook Коментари