Свечено отворено новото спортско игралиште во СОУ ,,Д-р. Ибрахим Темо“

- Локални
321

Градоначалникот на Општина Струга, г-дин Рамиз Мерко, заедно со Министерот за образование и наука, г-дин Јетон Шаќири, во организација на г-ѓа Бесиме Јонузи, директор на СОУ “Д-р. Ибрахим Темо“ во Струга, со свечена церемонија, го отворија новото спортско игралиште во оваа гимназија каде сите ученици часовите по физичко образование ќе можат да ги одржуваат во современи услови, а исто така ќе може да се организираат и други рекративни активности како фудбал, ракомет, кошарка и одбојка.

Инвестицијата е финансирана од блок дотациите што ги добива училиштето, во соработка на локалната самоуправа и ресорното Министерство.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири им посака на учениците активно да го користат игралиштето и да постигнуваат високи спортски резултати.

На оваа церемонија им  беа доделени признанија и награди на учениците од деветто одделение со најдобри есеи на тема,,Училиштето мој втор дом.“

Strugaonline

Facebook Коментари