Tече рокот за пријавување екипи за турнирот во мал фудбал „Драслајца 2019“

- Локални, Спорт
1187

На 12-ти август ќе започне најновото издание на турнирот во мал фудбал „Драслајца 2019“. Турнирот ќе се игра во комбинација 4+1, а секоја екипа може да содржи десет играчи.

Пријавувањето трае до 10-ти август , а извлекувањето ќе се изврши на 11-ти август во младинската просторија во село Драслајца.

Финалето од турнирот ќе се одигра на 28-ми август, по повод празникот „Успение на Пресвета Богородица“.

Сите заинтересирани повеќе информации можат да добијат на телефонските броеви: 078 839-223 и 071 272-568.

Strugaonline

Facebook Коментари