Ноќеска, во 02:50 часот по полноќ се случи тешка сообраќајна незгода на регионалниот пат Струга-Дебар, кај крстосницата за село Ложани.
– Во незгодата учествувале патничко моторно возило „Рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 37-годишниот Ш.И. од струшко Ново село, и патничко моторно возило „Рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот А.Б. од село Велешта. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ш.И. на кој му е укажана лекарска помош во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид на местото на настанот, информираат од МВР.
Извор: МВР
фото: архива
Strugaonline
Facebook Коментари