В.К. Црн Дрим ќе учествува на две меѓународни регати во Бугарија

- Локални, Спорт
1055

Во овој период Веслачката федерација на Република Северна Македонија поддржана од МОК и АМС, во периодот од 30.05.2019 до 02.06.2019 ќе учествува на Европското првенство за сениори во Луцерн, Швајцарија.
Преставници на репрезентацијата се: Марјан Николовски и Марјан Влаќески.

Во истиот период ,В.К. Црн Дрим о ќе учествува на две големи меѓународни регати во Пловдив, Р. Бугарија. Натпреварувачи на овие регати се: Елена Столеска, Никола Мариноски, Матеа Чуркоска, Филип Чабасоски, Климентина Стојмиловска, Арсениј Ѓоршески, Катерина Глигороска, Кристијан Китаноски, Магдалена Карамитреска и Ана Димоска.

„Се надеваме на подршка за достојно претставување на македонското веслање и на учесниците им посакуваме мирна вода и многу успеси.“  – велат од Веслачкиот клуб „Црн Дрим“-Струга

Strugaonline

фото: aрхива

Facebook Коментари