Во четврток во Струга ,,Аква“ ќе ги спроведе завршните иницијативи од проектот „(Локално) Младинско учество е важно!“

- Локални
268
Во четврток 08.06.2023 година, двата тима на Здружението за развој и активизам ,,Аква“, ќе ги спроведат завршните иницијативи во рамки на проектот „(Локално) Младинско учество е важно!“ што го работат заедно со Центарот за интеркултурен дијалог Куманово, поддржан од Амбасадата на Кралство Холандија во Република Северна Македонија.
,,Ве очекуваме во 12:00 часот  на чаршискиот мост, заедно да ја пренесеме пораката против врсничкото насилство, потоа во 13:00 часот во Мезе Бар Кингстон, на промоција на краткиот филм за женско лидерство. Документарното видео SHE LEADS, е производ на работата на првиот тим во овој проект. Преку него, ќе раскажеме неколку успешни женски приказни во образованието, уметноста, претприемништвото и многу други области, но и ќе се обидеме да најдеме одговор на прашањето „Што е силна жена?“ -велат од ,,Аква“.
Strugaonline

Facebook Коментари