На 12 мај, недела, во ПУ ,,Јахја Кемал“ -Струга ќе се одржи првиот рапид турнир од серијата турнири ,,Езерска Кралица 2024“ насловен како ,,Езерски градови.“
Ова е прв рапид турнир што се организира во рамки на Пролетниот турнир ,,Езерска кралица 2024“. Освен млади до 18 години, право на пријавување имаат и лица над 18 години, а замислата на организаторите е да се направи спој помеѓу младоста и искуството.
-Сметавме дека оваа година кога славиме пет години од организација на турнирите на Езерска Кралица, треба да ја збогатиме нашата програма со уште еден турнир кој ќе го носи името Езерски градови. Идејата за овој турнир е тој да прерасне во еден од најпрестижните рапид турнири организирани во Македонија и да биде во конкуренција на сличните вакви турнири кои се организираат во поголемите градови во Македонија-изјави Ѓоко Котески од Шаховската школа-Струга.
Досега за овој турнир се пријавиле над 50 шахисти, а организаторите очекуваат бројката да расте во последните два дена од рокот за пријавување.
Крајниот рок за пријавување е 10 мај на емаил адресата [email protected] или на телефонот 077 897 218. Почетокот е закажан за 10:00 часот
Шаховската школа -Струга и овој рапид турнир го организира во соработка со ШК Ласкер од Охрид и ПУ Јахја Кемал Струга, поддржани од Општините Струга и Охрид.
Strugaonline
Facebook Коментари