Во Охрид ќе се прикажува анимираниот детски филм ,,Авантурите на Биби и Боби-Пролетна магија“

- Локални
305
Во охридскиот Центар за култура ќе се прикажува анимираниот детски филм „Авантурите на Биби и Боби-Пролетна магија”. Кино проекции се закажани за 30.05.2023 г. (вторник) и 31.05.2023 г. (среда) со почеток во 19.00 часот. Билет чини 120 денари.
Филмот е во режија на Димитар Аризанов и Јосип Здравковски.
Улоги: Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Никола Ристановски, Дамјан Цветановски.
,,Пристигна нова авантура со сказните на Биби и Боби. Исчезнати и заборавени волшебни животни. Магични предмети кои имаат сила да разбудат пролет. Нови другарчиња и пријателчиња во нашата најнова хипер-суперултра-мегатурбо-гига мноооогу возбудлива прошетка низ нашата убава Македонија.,,- стои во описот на содржината.

Facebook Коментари