Во вторник седница на Советот на Општина Струга-ова е дневниот ред

- Локални
149

На ден 16.04.2019 ( вторник ) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Советот на Oпштина Струга ќе се одржи 23 (дваесет и третата) седница на Советот на Општина Струга.
Седницата ќе се одвива по следниот Дневен Ред :

-Записник од 21 -тата седница на Советот на општина Струга,

–Записник од 22 –рата итна седница на Советот на општина Струга

1. Квартален извештај за работа на Општина Струга I квартал 2019 година,
2. Буџетски календар за општина Струга за 2020 година,
3. Извештај на Центарот за развој на југозападниот плански регион за 2018 година,
4. Извештај за реализација на Програмата за урбанистички планови за 2018 година,
5. Извештај за реализација на Програмата за локален економски развој 2018 година,
6. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2018 година,
7. Извештај за реализација на Програмата за еднакви можности за 2018 година,
8. Извештај за реализација на Програмата за заштита на животната средина,
9. Извештај за реализација на Програмата за култура за 2018 година,
10. Извештај за реализација на Програмата за туризам и туристичка пропаганда за 2018 година,
11. Извештај за реализација на Програмата за заштита и спасување за 2018 година,
• Извештај за реализација на Програмата на Одделението за Месни заедници за 2018 година,
12. Годишен финансиски извештај за работата на МЈП „Проаква“ – Струига за 2018 година,
13. Годишен план за вработување на МЈП „Проаква“ – Струга за 2019 година,
14. Одлука за давање на користење патничко моторно возило „Лада нива“ сопственост на општина Струга, на ЈП „Октиси“ – Октиси.
15. Одлука за давање под концесија на Спортска сала од СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ Струга,
16. Годишен план за измена и дополнување на Годишниот план за вработување на општина Струга за 2019 година,
17. Годишен план за вработување на општина Струга за 2020 година,
18. Иницијатива од Градоначалникот на општина Струга за измена на Статутот на општина Струга,
19. Извештај за работата на ЈП „ЕКО-Струга“ – Струга за 2018 година,
20. Програма за работата на ЈП „ЕКО-Струга“-Струга за 2019 година,
21. Одлука за доградба на „Трим патека“,

22. Исправка на грешка на Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесено од Скендер Мазари од с.Делогожда
23. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од Ибраим Ибраими.
24. Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичка планска документација за усогласување на намената поднесена од Васфи Купа од с. Велешта.
25. Програма – елаборат за поставување урбана опрема за затворено спортско игралиште.
26. Oдлука за усвојување на извештајот на пописната комисија на Општина Струга со состојба на ден 31.12.2018 година.

Извор: Општина Струга

Facebook Коментари