Детската претстава „Алиса во земјата на чудата“ наскоро во Охрид

- Локални
101

НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид / Народен театар Охрид премиерно ќе ја прикажува детската театарска претстава „Алиса во земјата на чудата” од англискиот писател Луис Карол (организирано по школи). Режисер на претставата е Ѓорѓи Ризески, а во неа играат актерите Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Павел Маслов и Филип Кипровски.

Детската театарска претстава „Алиса во земјата на чудата” во следниот период  ќе биде прикажана на редовниот репертоар, а наскоро ќе се знае и точниот датум на првото прикажување.
Strugaonline

Facebook Коментари