За пописот на населението во Струга и Вевчани се потребни вкупно 142 попишувачи и 14 инструктори

- Локални
859
Државниот завод за статистика објави јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во периодот од 05-30.09.2021 година во својство на:
•Реонски попишувачи и
•Реонски инструктори.
Потребниот број на реонски попишувачи и реонски инструктори што ќе се изберат по пописни реони и според јазикот на кој ќе се врши попишувањето. За Општина Струга и Вевчани се потребни 142 попишувачи, од кои  80 албанци,  50 македонци,  8 турци, 1 ром, 3 власи и
 14 инструктори.
Кандидатите, својата намера да учествуваат во Пописот ја изразуваат исклучиво преку пополнување и доставување на електронска пријава која е достапна на ВЕБ страницата на Државниот завод за статистика  во периодот од 20.07.-05.08.2021 година.
Деталите околу потребните документи и условите за учество можете да ги прочитате на Facebook страницата на Општина Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари