Започна пријавувањето за Турнирот во мал фудбал ,,Драслајца 2018“

- Локални, Спорт
756

Започна пријавувањето за Турнирот во мал фудбал по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, ,,Дрaслајца 2018“. Заинтересираните можат да се пријавуваат најдоцна до 09.08.2018 до 20:00 часот на телефонските броеви: 071 272 568 и 078 839 223.  Учеството на турнирот чини 3000 денари. Организаторите информираат дека турнирот ќе се игра во 4+1 комбинација, а секоја екипа треба да биде сочинета од 10 играчи. Извлекувањето на екипите ќе се одржи на 10-ти август во младинскиот дом со почеток во 20:00 часот. На денот на извлекувањето ќе биде објавен и датумот на почеток на турнирот, а финалниот натпревар ќе се игра на 28.08.2018-та година.

Strugaonline

Facebook Коментари