Општина Струга им посака успешна и среќна учебна година на сите ученици
По повод почетокот на новата учебна година, Општина Струга упати честитка и порака до сите ученици, посакувајќи им успешна, среќна и исполнета учебна година.
Од Општината на учениците им посака новата учебна година да биде исполнета со знаење, радост и нови достигнувања, но и ги охрабри истрајно да ги следат своите цели и да веруваат во сопствените способности.
„Бидете истрајни во остварувањето на вашите цели, верувајте во себе и не плашете се да сонувате големи соништа“, се наведува во честитката од Општина Струга.
Во пораката се потенцира дека успехот не се мери само преку училишните резултати, туку и преку развивањето на талентите и страстите во спортот, музиката, уметноста и во сите други области во кои младите се пронаоѓаат.
Општина Струга им порача на учениците со љубопитност, храброст и отворено срце да го откриваат светот, посакувајќи им среќа и успех на секој чекор од нивниот пат.
„Нека се остварат вашите најсмели планови и соништа, а вашите родители и наставници секогаш да бидат горди на вас“, порачаа од Општина Струга.
Со оваа порака, Општината им посака на сите ученици успешна нова учебна година и многу лични и училишни достигнувања.
StrugaOnline

