Започнува зимскиот кошаркарски камп „СоЛфЕрИнО 2017“

- Локални, Спорт
649

Во организација на Кошаркарскиот клуб „Про Баскет“ од Кавадарци, во хотелот „Солферино“ во Струга, од денес до 12-ти јануари ќе се одржи ‎зимски кошаркарски камп „СоЛфЕрИнО 2017“, наменет за деца од цела Македонија.

kosarkarski-kamp

Кампот ќе се тренира два пати во текот на еден ден. Тренинзите ќе се одржуваат во опремена спортска сала со современа опрема прилагодена за деца на возраст од 6-16 години.

– Ќе се работи со специфична современа опрема која вклучува моторички и координациски вежби. Тренинзите ќе се одвиваат според професионална програма и вежби изготвени посебно за секоја возраст. Децата ќе тренираат во групи за да им се посвети повеќе внимание, да ја подобрат и усовршат својата индивидуална игра, да се отстранат негативните навики и да се подобрат нивните технички способности, велат од Кошаркарскиот Клуб „Про Баскет“.

За време на кампот со децата кои тренираат кошарка ќе се работи на тимската комбинаторика и тимската игра.

извор: ОхридПрес

Facebook Коментари