Заврши чистењето на речното корито, реката Црн Дрим блесна во полн сјај

- Локални
1763
Успешно заврши чистењето на наталожениот материјал на испустот на реката Црн Дрим и речното корито во Струга.
Со реализацијата на овој проект, значително е зголемена пропусната моќ на коритото  и капацитетот на собирање на атмосферските води, со што се намалува ризикот од поплави,а и постигната е и поголема безбедност и заштита, како на населението така и на земјоделските површини по течението на реката Црн Дрим.
Вкупната должина на делот кој ќе се чистеше е 765 метри. Според направените анализи, проценетата количина на депониран нанос е приближно 14 000 метри кубни кои придонесуваа за намалување на капацитетот на протокот, нееднаква дистрибуција на брзината и можност за натамошно таложење и предизвикуваа голем ризик од поплавување на населените места.
Проектот беше финансиран од Европската унија, а го спроведе УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Извор и фото: Strugaonline

Facebook Коментари