Викендов започнува зимското сметање на времето

- Македонија
447

Овој викенд  започнува зимското сметање на времето.

Со поместување на стрелките на часовниците за еден час наназад, времето во недела во 03:00 часот по полноќ ќе се смета како 02:00 часот.

Зимското сметање на времето ќе трае до последниот викенд во март следната година, кога треба да почне летното сметање на времето.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.

Од 2021 година ќе стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија. Предлогот беше усвоен од страна на Европскиот парламент, но, секоја членка на Унијата ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.

Facebook Коментари