Три проекции на филмот ,,Стела“ во Охрид

- Локални
451
Филмот „Стела“ премиерно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид и тоа во деновите 29-ти, 30-ти и 31-ви Октомври 2020 година, со почеток во 20.00 часот, карта 150 денари.
По обид за самоубиство на едно десетгодишно дете, кое е жртва на малтретирање во училиште, Стела(шарпланинка) е единствената која може да го спаси и да му ја обнови верата во животот.
Продуцентот Огнен Антов вели дека „Стела“ е приказна за еден шарпланинец, едно дете и за еден дедо. Филмот е копродукција на „Дрим фектори“ од Македонија, „Акција продукција“ од Србија и на „Моуна“ од Германија.
Улогата на Никола ја игра 12-годишниот Петар Маниќ, за кого ова е филмско деби, а во кастингот се и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и Христина Поповиќ, позната од српскиот филмски хит „Парада“.
Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографер е Гого Клинчаров, а костимограф е Милена Миленковиќ. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и од Филмскиот центар на Србија.
 Филмот ќе се прикажува со ограничен број на публика и со почитување на сите мерки и препораки за заштита од вирусот.
Strugaonline

 

Facebook Коментари