Жител на Октиси починал откако настанал пожар во куќа

- Локални, Хроника
764

Денеска (05.04.2023 година) во ОВР Струга, пријавено е дека во 03.30 часот во селото Октиси, струшко, настанал пожар во куќа сопственост на М.М. Од здобиените повреди во пожарот починал И.М.(84) од истото село, татко на М.М., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Екипа на Територијалнаата противпожарна единица Струга го изгаснала пожарот. Увид извршија полициски екипи.

Извор: СВР Охрид

Фото: Архива

StrugaOnline

Facebook Коментари