ЖКК Струга 2009 на гостински терен славеше над ЖКК Пробаскет

- Локални, Спорт
397

Во рамки на прва А лига во женска конкуренција, ЖКК Струга 2009 на гостински терен славеше над ЖКК Пробаскет , со резултат  56:68 (19:25;16:08;13:17;08:18. )

Најдобри во нашата екипа беа – Томпсон со 25 поени и 14 скокови, Шеќероска со 14 поени и 12 скокови, Стојановска постигна 12 поени, 5 скокови и 7 асистенции. Зендели 7 погодици, Џутеска 4 поени и 4 асистенции, Белеска 4 поени и  Устијановска 2 поени.

Во редовите на Пробаскет најдобри беа Стоева со 17 поени, Атанасова со 14 поени и 15 скокови, а Костадинова постигна 12 поени.

,,Овој натпревар го добивме потешко од штоочекувавме. Имавме лош почеток на натпреварот, слаба одбрана и лош шут, а противничката екипа играше мотивирано. Одбраната ја подобривме во последната четвртина и рутински го завршивме натпреварот. Сега ни следува пауза поради репрезентативни настапи, а тој период ќе го искористиме за да ја поправиме физичката подготвеност, уште подобро да се уиграме и подготвени да го дочекаме натпреварот од петтото коло против Крива Паланка.,, – изјави тренерот на ЖКК Струга 2009, Владимир Ѓоровиќ.

 

Facebook Коментари