ЖКК Струга 2009 видно ослабени тимски влегуваат во новата сезона, засилување е Ayanna Mazyck од Филаделфија

- Локални, Спорт
532

Тимот на ЖКК Струга 2009 има нова кошаркарка во своите редови. Станува збор за Ayanna Mazyck од Филаделфија, има 24 години, висока е 175 см и игра на позиција бек и крило. Студирала на универзитетот  Tallahassee, а во изминатата сезона настапуваше во Португалија за екипата на Мaиа Баскет.

,,Со доаѓањето на Ayanna очекувам да добиеме на квалитет и искуство. Во оваа сезона влегуваме осетно ослабени без капитенот Стојановска која ја заврши кариерата и сакам да и се заблагодарам за се’ што направи за клубот. Останавме и без Шеќероска која се повреди во петтиот натпревар од полуфиналната серија, за неа следува операција и опоравување и и’ посакувам брзо закрепнување. Младата Јана Кукунешоска кариерата ќе ја продолжи во Вардар, и посакувам многу успеси и се’ најдобро во понатамошната кариера.“-изјави за Strugaonline тренрот Владимир Ѓоровиќ.

Тој потенцираше дека тимот иако видно ослабен, тргнува силно со млади кошаркарки и дека мотивацијата е на највисоко ниво.

Strugaonline

Facebook Коментари