Викендов започува плеј-офот, РК Струга игра на гости со тимот на Тиквеш

- Спорт
84

Викендов започнува плејофот во ракометната машка Супер лига

Во рамки на  првото коло се игра големото дерби кое ќе биде еден од натпреварите кои ќе ја одлучат титулата. Шампионот Еурофарм Пелистер  во сабота со почеток од 18:00 часот го пречекува тимот на Вардар.

Во останатите натпревари Струга гостува во Кавадарци кај Тиквеш, натпревар што ќе се игра во сабота од 17 часот , Бутел е домаќин на Охрид,  додека вицепрвакот Алкалоид ќе се соочи со тимот на Пролет.

Strugaonline

Facebook Коментари