Четири земјотреси регистрирани синоќа со епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга

- Локални, Македонија
751

Четири земјотреса се регистрирани ноќеска во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, 100 километри јужно од Скопје.

Земјотресите се со интензитет од 2.7, 2.6, 2.5 и 2.4.

Првиот земјотрес се случи во 21 часот и 7 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.5 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а вториот во 21 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6. и интензитет од III-IV степени, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресите беа почувствувани од населението во Охрид, Струга, Ресен и околината.

Facebook Коментари